Учениците од другите општини кои се запишани во нашето училиште имаат можност за сместување во нашиот ученички дом, кој е во склоп на истиот објект. Ученичкиот дом, покрај сместувањето, обезбедува и исхрана, грижа за здравјето, културно-забавни, спортско-рекреативни и други активности.

СМЕСТУВАЊЕТО И ИСХРАНАТА СЕ БЕСПЛАТНИ!

Домот ги исполнува сите стандарди и услови за удобност и пријатност при престојот на учениците во него. Капацитетот на сместување е 70 ученика. Домот се наоѓа на првиот спрат од објектот и е поделен на машки дел, женски дел и заеднички простории. Ученичкиот дом има трпезарија со сопствена кујна, во која се нудат три свежи и разновидни оброка дневно. Домот исто така поседува перални за алишта, каде одговорен се грижи за чистотата на облеката на децата.

 

Воспитно образовната дејност во домот се одвива според план и програма за воспитна работа во ученичките домови, адаптирана според потребите на учениците. Програмата ја спроведуваат седум воспитувачи со високо образование и дефектолошки доквалификации кои работат во три смени.

 

УЧЕНИЦИТЕ СЕ ПОД 24 ЧАСОВЕН НАДЗОР!

 

Во склоп на програмата, се изведуваат слободни ученички активности (секции). Нашиот дом им нуди активности на учениците со кои дополнително ги усовршуваат своите интереси и функционалности.

СЕКЦИИ

Со цел кај учениците да се оформат навики на култура на колективно живеење, развивање чувство на должност и одговорност како и меѓусебно почитување, во домот постои куќен ред.

КУЌЕН РЕД

 

Фотографии од ученички дом