Image
Државно средно училиште за образование и рехабилитација
ЗА НАС

Адреса

ул. Рибник бр. 14, Штип
Македонија

ТЕЛЕФОН

Телефон: +389 078 474 072
Email:  dsuiskra@yahoo.com
Follow Us Now
ул. Рибник бр. 14, Штип Македонија +389 078 474 072 dsuiskra@yahoo.com

ЗА НАСДСУ
Искра Штип

Државното средно училиште за образование и рехабитација „Искра„ - Штип започнува да работи како Центар „Искра“. Центарот „Искра“ е основан со Одлука на Собранието на општина Штип број 0201-3212/1 до 01.10.1979 г., како Организација на здружен труд „Центар за работно оспособување на умерено и лесно ментално ретардирани младинци“ за подрачјето на Источна Македонија и за нивно успешно вклучување во организиран систем на професионална рехабилитација и социјализација.

Во учебната 1981/82г. Центарот започнал со работа, во ноември 1982 г. е поднесено Барање за верификација на воспитно образовната работа на Центарот за работно оспособување на ласно ментално ретардирани младинци „Искра“ Штип. Врз основа на Законот за средно образование и воспитание, член 98 „Сл.весник„ на СРМ бр.25/79, Републичкиот комитет за образование и наука донесува Решение за прва верификација на Центарот, под арх.бр. 1907/1-82 од 18.01.1983г. на воспитно-образовната дејност за оспособување на кадри со I и II степен на стручна подготовка за занимањата: картонажер-книгоповрзувач од графичка струка, производство на оранжериско-градинарско производство од земјоделска струка, конфекционер (подоцна се преименува во шивач на облека) од текстилна струка и бравар од металска (подоцна – машинска) струка за младинци лесно попречени во психичкиот развиток.

.....Искра денес...

Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“, денес има современа и ефикасна настава прилагодена на индивидуалните способности на секој ученик и квалитетни услови во ученичкиот дом за сместување и реализација за воспитната работа.

Училиштето и ученичкиот дом располагаат со најнова компјутерска технологија и опрема која ја олеснува наставата и престојот на учениците. Има обезбедено поголем број на телевизори, компјутери, печатачи, интерактивни табли и слободен пристап до интернет. За полесно движење на учениците со физички хендикеп во училиштето има пристапни рампи.

Училишниот двор се надоградува и надополнува со декоративни дрвја и хортикултурно уредување, летниковци за одмор и спортски справи за рекреација. За безбедноста на учениците да биде на поголемо ниво училиштето е под постојан видео надзор, а до видео снимиките пристап има овластено лице.

Целиот воспитно - образовен кадар во училиштето составен од наставници, воспитувачи и стручна служба дава мултидисциплинарна поддршка на учениците, грижејќи се за нивното образование, воспитание, физичко и ментално здравје.

Во училиштето се планираат и воннаставни активности со цел на учениците да им се даде можност за активен ученички живот, зголемување на интересите и способностите за развивање на морално, културно, естетско чувство. Содржините на воннаставните активности се планираат од претстојните државни и верски празници и од потербите на учениците, за да развијат социјални вештини и добри навики кај нив. Учениците учествуваат на различни културни, забавни и спортски активности како што се: фолклорниот фестивал „Фатени за раце го менуваме светот“, Регионални игри во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, ликовен конкурс во организација на општината и слично. Седум ученички од ДСУ “Искра“ - Штип во учебната 2022/23 година учествуваа на Специјалната Олимпијада која се одржа од 17.06 до 21.06.23г во Берлин, Република Германија.

Квалитетен кадар

Успешните училишта имаат многу заеднички работи, посветеност, едуцираност и сериозен пристап..

Квалитетен кадар

Успешните училишта имаат многу заеднички работи, посветеност, едуцираност и сериозен пристап..

Повеќе

Најдобра наставна програма

Успешните училишта имаат многу заеднички работи, посветеност, едуцираност и сериозен пристап..

Најдобра наставна програма

Успешните училишта имаат многу заеднички работи, посветеност, едуцираност и сериозен пристап..

READ MORE

Глобално признавање

Успешните училишта имаат многу заеднички работи, посветеност, едуцираност и сериозен пристап..

Глобално признавање

Успешните училишта имаат многу заеднички работи, посветеност, едуцираност и сериозен пристап..

Повеќе

Ние сме посветениЗапознајте не

Сериозен, професионален, одговорен и квалитетен пристап кон спроведување на воспитно образовната дејност, чии резултати се на високо ниво.
Име Презиме
Име Презиме
Име Презиме
Име Презиме
Име Презиме
Име Презиме
Име Презиме
Име Презиме
Image
ул. Рибник бр. 14, Штип
Македонија
+389 078 474 072

Следете не